Познатиот британски пејач Џорџ Мајкл, почина во 54 година од својот живот, во својот дом во Лондон на големиот христијански празник Божиќ. Причините за смртта се уште не се откриени, но се знае дека тој последниве години имаше здравствени проблеми, поради што и се повлече од сцената.
Последен пат Џорџ Мајкл беше фотографиран во септември, во близина на неговиот дом. Фотографиран е на вечера со своите пријатели во еден ресторан. На фотографијата забележливо е дека изгледа уморно и имал неколку килограми плус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.