На 53-годишна возраст во својот дом во Оксфордшир вечерва, на Божик, почина Џорџ Мајкл. Пејачот претходно ја победи зависноста од алкохол и дрога. Сепак, засега се уште не се познати околностите под кои настапила смртта.
Пејачот, чие вистинско име е Георгиос Киријакос Панајоту, има продадено преку 100 милиони албуми во кариерата долга речиси 4 децении.
Во изјавата за медиумите неговата прес-служба наведува:
„Со голема тага ви потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ почина мирно во својот дом за време на Божиќните празници. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност и тагата низ која минуваме. Засега нема да даваме други изјави.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.