| четврток, 6 декември 2018 |

Путин добил нови информации по уривањето на рускиот авион

Сослушување на сите кои подготвувале авионот за летот до Сирија. Извор во Екстра служби соопштил за Интерфакс дека по првичните податоци при регрутирањето на висина “екипажот се судрил со техничка грешка од критична природа, која довела до несреќата”. Како што Локално.мк  веќе информираше првите остатоци и предмети на патници од паднатиот утринава авион, веќе беа пронајдени во Црното Море

Можна грешка на пилотите исто така не е исклучена, но изворите од тајни служби нагласуваат дека тие биле со големо искуство во пилотирање на авиони од овој тип. Временските услови во Сочи исто биле нормални во моментот на полетувањето – добра видливост и слаб ветер.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека го информирал  претседателот Владимир Путин за напредокот на операциите на пребарување и спасување на патници во несреќата на Ту-154 во Сочи, соопштуваат од Министерството за одбрана на Русија.

Во меѓувреме стана јасно дека во авионот биле и група на ноивнари на  НТВ – дописникот Михаил Луженскийј, снимателот Олег Пестов и тонецот Евгениј Толстов.

Во моментов екипи почнуваат да вадат тела од урнатиот авион . Трагедијата е огромна.

Потсетуваме дека руски воен авион исчезна 20 минути по полетувањето од аеродромот, во близина на Сочи. Во авионот биле 83 патници и осум членови на екипажот. За барањето на авионот се ангажирани спасувачките служби на авијациските делови на Јужен воен округ.

Според извори на ТАСС на авионот, кој се фокусирал кон Латакија, биле музичарите од светски познатиот ансамбл хористите  на руската армија “Александров”. Покрај нив имало и новинари. Во моментов сајтот на ансамблот не функционира.

Уметнички раководител на ансамбл “Александров” бил во авионот. “за жал има потврди дека во  авионот  бил и познатиот диригент Халилов”, изјави за Интерфакс извор од спасувачките служби.64-годишниот генерал-лејтент Валериј Халилов стана познат во целиот свет како организатор на популарниот фестивал на воените оркестри “Спаска кула”, кој се одржува секоја година во близина на август на Црвениот плоштад во Москва. 

Од спасувачките екипи  е веста дека пред некоја минути е извадено  тело на еден од патниците на шест километри од бреговите на Сочи.

 Засега неколку верзии за несреќата ,кои  пропагандирани во некои агенции. Според нив авионот се урнал уште на седмата минута од полетувањето на 5 километри од познатиот црноморски одморалиште АНАП, пишува РИА Новости.

Извори на ИНТЕРФАКС  наведува дека недалеку од аеродромот на Сочи се наоѓа точка за птици преселници и орнитопарк. “Можно е  птица да навлегла во моторот на авионот”, нагласуваат тие.

Според агенцијата  мрсна маслена дамка и остатоци од авионот се пронајдени во акваторија на Хостинскиот регион на Сочи. “Покрај техничка неисправност на авионот, се гледа и верзијата за квалитетот на горивото.

Веќе е истражна постапка по член “Прекршување правилата на летот, и тешки последици”. Во Сочи е формирана оперативно-истражувачка  група која веќе одржува сослушување на сите кои се занимавале со подготовка на авионот за летот до Сирија.

Ту-1154 слетал во Сочи за полнење откако полетал порано од аеродром Чкаловск крај Москва. Во авионот имало 8 лица екипаж, 68 музичари од Александровскиот  ансамбл, 9 новинари и 6 други патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top