Невладината организација „Слободен софтвер Македонија“, ќе поднесе иницијатива за реформа во Законот за матични броеви, бидејќи истиот тој содржи лични податоци за граѓаните, пишува весникот „Нова Македонија“.
Како што објавува весникот, според „Слободен софтвер Македонија“, Дирекцијата за заштита на личните податоци, досега идентификувала повеќе случаи на злоупотреба на матичниот број како што е негово објавување во огласите во извршните постапки и евидентирањето во пријавниците во компаниите.
Матичниот број е единствен идентификациски број на граѓаните, кој во себе содржи речиси сѐ што се однесува на неговиот сопственик, почнувајќи од податоци за раѓањето, полот, локацијата, градот… Поради тие причини доста често се случува истиот тој да биде и злоупотребен во разни постапки, а имало примери тој да се најде и огласен на јавни места, па дури и во весници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.