| четврток, 6 декември 2018 |

Почина стјуардесата која единствена го преживеа падот на авионот од 10 илјади метри

Во Белград, Србија во 67. година од животот почина стјуардесата на ЈАТ Весна Вуловиќ, која во 1972 година беше единствената преживеана по падот на авионот од височина од 10 илјади метри.

Според медиумите во Србија телото на Вуловиќ го пронашле нејзините пријатели во нејзиниот стан. Причината за смртта не е позната, но било очигледно дека почина неколку дена пред да ја најдат.

Авионската несреќа во која учестувала се случила во 1972 година, кога над тогашната држава Чехословачка паднал авион.

Тогашната 22-годишна стјуардеса дури не требала да биде на тој лет, туку била заменета со некоја друга која исто така се викала Весна.

Продолжила да работи за „ЈАТ“, но на шалтер, не како стјуаредеса. Од падот имала фрактура на главата, све скршени нозе, три скршени пршлени од кои еден бил згмечен поради што привремено била парализирана. Проодела после неколку месеци, по неколку операции една по друга.

Весна Вуловиќ ја примила титулата за Гинисов рекорд од Пол Макартни.

Во седумдесетите години на минатиот век во Југославија била национален херој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top