Не постои фудбалер на светот кој не би ја размислил оваа понуда која на капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, му ја понудија два кинески клуба.
Како што утрово пишуваат британските медиуми, шампионот Гвангжу, за кого настапуваат Паулињо и Џексон Мартинез, а е предводен од Луиз Фелипе Сколари и Пекинг Жуан кој се бори да ја прекине доминацијата на „тигрите“ се двата клубови кои со 700.000 фунти неделна плата сакаат да го придобијат 31-годишниот голгетер на Јунајтед.
Англичанецот кој оваа сезона сè повеќе ја грее клупата на Јунајтед, доколку се одлучи за ваков потег и премине во Кинa, таму најмалку ќе се задржи две години, а годишно ќе заработува нешто повеќе од 40 милиони фунти, со што ќе биде далеку најскапо платениот фудбалер на планетата. Дефинитивно, со овие луди бројки на богатите Кинези фудбалот ќе добие друга димензија, како и нова фудбалска реалност, што искрените фудбалски вљубеници сигурно не ги посакуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.