| четврток, 6 декември 2018 |

Катастар ги дигитализира катастарските планови

Агенцијата за катастар на недвижности во согласност со Европските регулативи преку соработката со Светската Банка ја започнува финалната фаза од Проектот  “Катастар на недвижности  и регистрација“, која опфаќа дигитализација на аналогните катастарски планови. Според агенцијата сега се врши одржување на 13.053 листови од катастарски планови. За секој лист од катастарскиот план постои архивски и работен оригинал на стабилна основа во добра форма или квалитет, кои се изработени во систематски катастарски премери започнувајќи од 1927 година. Заради трајно зачувување на оргиналните катастарски планови како и нивно поедноставно користење од страна на стручните служби на Агенцијата, а се со цел да се намали периодот за решавање на предметите на граѓаните Катастарот ќе изврши дигитализација на сите аналогни планови.

Дигитализација на катастарските планови е сложен процес кој се реализира во две главни фази :

Првата фаза отпочна со постапката на скенирање и геореференцирање на АО  на катастарски планови  на целата територија на Република Македонија, продолжи со  скенирање и геореференцирање на РО на катастарски

  1. планови  кои се исцртани на поцинкувани плочи, фолии и филм и кои беа во многу ложа состојба. Во изминатиот период успешно се завршени 8 договори за векторизација на АО, и тоа за вкупно 1194 КО и оваа фаза заврши со Контролата на квалитетот од извршената векторизација од стручни лица ангажирани преку проектот на Светска банка и  стручни лица од Агенцијата –Секторот за дигитализација.
  2. Втората фаза започнува со внесувањето на  сите промени кои настанале од моментот на создавање на архивските оригинали до денес  и  за оваа постапка се ангажирани 92 геодети преку проектот на Светска Банка и преку 120 луѓе вработени во катастарот.

Ажурирањето на АО на дигиталните катастарски планови, се врши со помош на целокупната службена евиденција која ја поседува Агенцијата, дополнителни теренски мерења со цел хармонизација на графичката и алфа нумеричката база на податоци. Во таа насока изготвен е наменски софтвер МакЕдит со кој се врши ажурирање на ДКП. Самиот процес е контролиран од високо стручен кадар од Агенцијата за катастар на недвижности, каде за секоја фаза поединечно се назначени одговорни лица кои ја пратат динамиката на работа. Проблемите кои се јавуваат во постапката на ажурирање на дигитални катастарски планови ги решава работна група  која ги разгледува и дава инструкции и насоки за нивно решавање.

Преку  вака поставениот системот ќе се осигура добивање на највисок степен на квалитет на податоците и ќе се овозможи интеграција на графичката база на податоци на ДКП (МакЕдит база) со алфанумеричката база на податоци  (е-Кат база) во една единствена централизирана база на податоци Е-КАТ.

Со завршувањето на овој процес Хартиените катастарски планови ќе станат историја.

Со ова Агенцијата за катастар на недвижности  во Е-кат на едно место за целата територија на РМ ќе добие графички приказ на катастарските парцели,  поврзани со податоците за сопственоста, површината, култура и класа, виканото место, прибележувањата и товарите односно хипотеките.

Според Акциониот план кој го изработи Агенцијата за Катастар на недвижности, кој е усвоен од страна на Владата на Република Македонија се предвидува до крајот на оваа година во надградениот Е-кат систем со графички податоци   бидат дигитализирани сите КО  во надлежност на 5  ОКН во Република Македонија а целиот процес на дигитализација да заврши до крајот 2014 година. Според акциониот план  приоритет е даден на Урбаните средини се поради отпочнувањето на уште еден многу значаен проект на Катастарот а тоа е воспоставувањето на катастарот на инфраструктурни објекти кој е исто така од големо значење за напредокот на Агенцијата и за нејзино подлабоко етаблирање на пиедесталот како водечка Агенција во регионот и пошироко во областа на Катастарот.

Бенефите од целокупниот процес на дигитализација се:

  • Скратување на рокот за запишување на правата на  недвижностите
  • Издавање на копија од кататастарски планови на шалтер (исто како ИЛ)
  • Изготвување на Дигитални геодетски елаборати по строго дефинирани стандарди од страна на приватните геодетски фирми.
  • Олеснет пристап до Дигиталните катастарски планови на ниво на цела РМ
  • ДКП се основа за воспоставување на регистар на просторни единици, графички регистар на улици и куќни броеви, графички регистер на градежно земјиште
  • ДКП се основа за планирање на просторот (ГУП, ДУП, УПроект)
  •  Аспект на Министерство за земјоделие  полесно воспоставуванје и контрола на ЛПИС системот
  • ДКП се основа за воспоставување на системи за управување со кризни состојби
  • Процесот на дигитализација може во живо да се следи преку веб страната на АКН на која  транспарентен начин ќе се објавуваат податоците за секоја КО која што во моментот се работи како и за КО кои веќе се завршени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top