Јулијан Дракслер и дефинитивно се сели во ПСЖ откако излезе и слика на фудбалерот со дрес од францускиот клуб.
Според германските медиуми, Волфсбург за 42 милиони евра го продава Дракслер на ПСЖ во јануари.
Се појави и слика на Дракслер со Патрик Клајверт кој е спортски директор во ПСЖ, па веќе нема дилеми дека зделката е завршена работа.
Дракслер ќе го носи дресот со бројот 23.
ПСЖ не игра во посакуваната форма оваа сезона, па светците се надеваат дека Дракслер ќе донесе нова енергија со која може да се променат работите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.