| четврток, 6 декември 2018 |

Во духот на големата божикна љубов да ги отвориме срцата да ја примат најрадосната вест

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи упати честитка до сите верници од католичка вероисповед и бискупот скопски и апостолски егзарх д-р Киро Стојанов по повод големиот празник – Раѓањето Христово – Божиќ.

– Празникот Раѓањето Христово-Божиќ е симбол на радоста, заедништвото, мирот и благосостојбата. На денешниот ден, срцата на милиони верници се допрени од радосната вест за раѓањето на Спасителот-Исус Христос. Не постои поголем празник кој побудува толкава радост, љубов и хармонија, кој обединува и зближува со силата на љубовта и верата, како празникот на Божјото раѓање. Универзалните вредности на овој празник: љубовта кон ближните, споделувањето и милосрдието се духовен патоказ во животот не само на секој христијанин, туку и на секој човек воопшто. Тоа се вредности кои сите заеднички треба да ги негуваме за остварување на мирот и општата благосостојба, во градењето на светла иднина за нас и за нашите поколенија, се наведува во честитката.

Директорката на Комисијата, Валентина Божиновска во честитката на сите верници од католичка вероисповед им посакува многу здравје, радост, топлина и разбирање во Вашите домови и семејства, и во духот на големата божикна љубов, да ги отвориме нашите срца уште еднаш да ја примат оваа најрадосна вест, радувајќи се на љубовта со која Бог го благослови целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top