| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од Мицкоски по повод католички Божиќ

Новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод католичкиот Божик упати честитки со скопскиот бискуп и Апостолски егзарх
во Македонија, Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.

– Нека Рождеството Христово роди нова надеж во вас, нека донесе светлост во Вашите домови и многу радост, среќа и здравје на Вас и Вашите најблиски. Славењето на Рожденството Христово значи славење на љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божиќ е празник на семејството. Божиќната радост треба да биде споделени со најмилите и најблиските, вели Мицковски.

Божиќ, додава тој, учи на солидарност, да споделуваме и да им помагаме на оние на кои тоа им е потребно. Божиќ учи да бидеме човечни и да ги сакаме нашите блиски, но и луѓето кои не ни се блиски. Толеранцијата и почитувањето е темел на Христијанството. Во овие моменти најмногу ни требаат овие вредности. И кога добрината е нападната од нечесност, во времиња кога притисоците и одмаздата стануваат основна детерминанта во општеството, а стравот кај луѓето главно чувство, да не заборавиме на разумот и мудроста. Да не заборавиме дека времето потрошено на омраза, значи помалку време за добрини и напредок, вели претседателот на ВМРО­-ДПМНЕ Христијан Мицковски во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top