Иако до сега се воздржуваше од коментари за разводот со Анџелина Џоли, се чини Бред Пит конечно се реши да возврати. Откако неговата поранешна партнерка го обвини за физички напад врз синот Медокс за време на летот со приватниот авион, но и за агресивност, зависност од дрога и алкохол, Пит конечно реши да престане со молкот.
Поточно, холивудскиот актер поднесе барање до судот случајот да се запечати, односно никакви детали за бракоразводниот процес и договорот за старателство повеќе не смеат да бидат пуштени во јавност. Со други зборови, ниедна од „завојуваните страни“ веќе не смеат да зборуваат јавно за разводот.
Но, содржината на образложението до судот може да ја разбесни неговата поранешна сопруга, особено што во него стои оценката на Пит дека Анџелина не е добра мајка.
-Џоли очигледно нема механизам за самоконтрола кој би спречил пречувствителните информации да стигнат на насловните страници. Таа не сфаќа дека двајцата родители се познати лица и дека ваквото изнесување на „вешот“ не само што ги понижува шесте деца, туку и ги доведува во опасност. Која добра мајка на тоа би ги изложила своите деца- стои во барањето на Пит до судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ на почетокот на кариерата
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Состојбата и е загрижувачка – Анџелина Џоли примена е во болница!