| четврток, 6 декември 2018 |

Грците се најголеми песимисти во ЕУ

Грците се најголеми песимисти во Европската унија што се однесува до економијата, невработеноста, како и за перспективите на домаќинствата и не им веруваат на владата и институциите. Тоа се наведува во анкета на Евробарометар.

Само осум отсто Грци одговориле дека состојбата во економијата во државата ќе биде подобра, а 64 отсто се со став дека ќе биде полошо.

Грците истакнуваат три најголеми проблеми денес – 66 отсто на прво место ја ставаат невработеноста, 40 отсто – економијата, додека за 26 отсто е јавниот долг.

Приврзаниците на еврото се 68 отсто.

Недовербата кон владата е зголемена – 90 отсто не и веруваат на владејачјата структура.

Што се однесува до партиите, 93 отсто Грци искажале недоврба кон нив, а само 6 отсто дале доверба. Во ЕУ имаат доверба 20 отсто Грци, а 78 отсто имаат негативен став.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top