Пред стартот на новата 2017 година, во среда, (28.12.) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе се одржи оперската претстава „Евгениј Онегин“ од Петар Илич Чајковски, со хумана намена. Со неа беа отворени овогодинешните „Мајски оперски вечери“. Претставата наиде на одличен одѕив како кај публиката, исто така и кај стручната критика. Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, режијата е на Дејан Пројковски, сценограф: Валентин Светозарев, костимограф: Марија Пупучевска, кореограф: Олга Панго. Настапуваат: Ларина: Марика Поповиќ, Татјана: Сандра Митровска, Олга: Николина Јаневска, Филипјевна: Елена Тасевска, Ленски: Дарко Нешовски, Евгениј Онегин: Александар Малишко (Украина), Кнез Гремин: Владимир Саздовски, Капетан: Диме Петров, Зарецки: Борко Биџовски.
Напомена! Цената на билетот за хуманитарната претстава изнесува 200 денари. Средствата се наменети за Здружението на деца со оштетен вид, при Центарот за лица со оштетен вид за создавање на музичка аудиотека, од сите формати. Акцијата МОБ ќе ја насочи и за купување на музички инструменти, за лица со оштетен вид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.