| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците сфатија дека се евтино измамени од Заев

Не тре­ба­ше дол­го за дел од ма­ке­дон­ски­те гла­са­чи да сфа­тат кол­ку се ни­штож­но из­ла­жа­ни и евти­но из­ме­тка­ни од За­ев. Ре­де­фи­ни­ра­ње­то да ти бил факт. Гла­са­чи­те гнев­ни за­тоа што оста­наа из­ла­жа­ни од За­ев и од не­го­ви­те ме­ди­ум­ски из­вр­ту­ва­чи, кои во ме­ѓу­вре­ме удри­ја на пе­е­ње хим­ни за ам­ба­са­до­ри­те што им се ме­ша­ат во уре­ду­ва­ње­то на сопс­тве­на­та др­жа­ва, чин што пре­диз­ви­ка си­лен на­гон за блу­е­ње кај Ма­ке­до­не­цот. Ама тие да ти би­ле Ма­ке­дон­чи­ња и ај што др­жа­ва­та не ја чув­ству­ва­ле ка­ко сво­ја, ту­ку да ти има­ле и со­ро­со­ид­но ге­не­о­ло­шко по­тек­ло на бан­кар­ско­то кон­то. Ла­жат тие, ама ли­де­рот уште по­ве­ќе. Ар­но ама, Ро­мео да не ти бил Бе­ле­ли, па го из­да­де на „Тви­тер“. Та­ка, љу­бов­на­та дра­ма „Ро­мео и За­ев“ сме­ни жанр и ста­на бур­ле­ска

Са­мо не­кол­ку де­на по из­бо­ри­те, ве­ќе бев­ме све­до­ци на гор­ко­то по­ка­ја­ние и на изб­ли­кот на гнев на сто­ти­ци ве­ќе екс­сим­па­ти­зе­ри на СДСМ, из­ла­жа­ни гра­ѓа­ни, кои по­ве­ру­ваа во не­по­стој­на­та искре­ност и скру­пу­ли на мур­тин­ски­от ли­дер, гла­са­чи што пост фе­стум ја сфа­ти­ја те­жи­на­та на про­да­де­на­та при­ка­ска. Евти­на при­ка­ска, ка­ко тие на Та­ран­ти­но, но во ре­жи­ја на еден друг не­гов не­та­лен­ти­ран со­на­род­ник. Се из­ви­ну­ва­ме за ин­си­ну­а­ци­и­те, сце­на­ри­ја­та на Квен­тин не ја на­вре­ду­ва­ат ин­те­ли­ген­ци­ја­та. Мо­же­би и би го прив­лек­ла „кр­вта на ули­ци­те и бра­то­у­бис­тве­на­та вој­на“ спо­ме­ну­ва­на во пре­пи­ски­те на Ве­ру­шев­ски и на За­ев и таа по ста­ту­си­те на Ед­монд Аде­ми и во ква­зи­ко­лум­ни­те на не­кро­фи­лот Трич­ков­ски, кој ве­ќе не е по­же­лен ни­ту на по­гре­би, но Та­ран­ти­но, се­пак, не би се на­фа­тил да ре­жи­ра тол­ку евти­ни и без­и­деј­ни, а, се­пак, тол­ку ви­со­ко­бу­џет­ни тра­ги­ко­ме­дии.

Да, но­ва­та изре­ка во Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја ја сме­ни таа што дол­го вре­ме бе­ше не­при­кос­но­ве­на, во­ста­но­ве­на во жар­го­нот, е „по из­бо­ри, не­ма ка­е­ње“. Ал­бан­ци­те ба­рем до­би­ја – кој цр­ни па­ри, кој ве­ту­ва­ња за дво­ја­зич­ност и за ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, т.е. кој што си ми­лу­ва и за што се про­да­ва. Ма­ке­дон­ски­от дел, кој учес­тву­ва­ше во прод­ла­бо­чу­ва­ње­то на и та­ка без­о­браз­но дол­га­та и за­мор­на кри­за, пак го до­би „по­дол­го­то од три­те“. Или „ши­пин­ки“, ка­ко што ве­ли на­ро­дот, кој но­си­те­лот на СДСМ во „еди­ни­ца­та“ ми­лов­но го на­ре­ку­ва сто­ка. Но, тоа не им пре­че­ше на спо­ме­на­ти­те да си гла­са­ат за не­го, ка­ко и за дво­ја­зич­ност, за отво­ра­ње на Уста­вот итн. За­тоа што ку­ри­ри­те по­втор­но ла­жеа, а со­ро­со­и­ди­те не. Та­ка ка­жаа вто­ри­те. А тие ни­ко­гаш не ла­жат. Бесп­лат­но, не­ли… Ра­бо­та­та оти­де до­та­му што дел од на­ро­дот ве­ќе не им ве­ру­ва­ше на сопс­тве­ни­те се­ти­ла. За­ма­ја­ни од веч­ни­те из­вр­ту­ва­чи, кои се­кој ден имаа уло­га на де­ман­ти­ра­чи на сопс­тве­ни­от ли­дер, дел од гра­ѓа­ни­те, очиг­лед­но, по­ве­ру­ваа де­ка пар­ти­ја­та и ли­де­рот има­ат со­вест и де­ка не е воз­мож­но ра­бо­та­та да се те­ра до­та­му. Из­ја­ви­те со кои За­ев им да­де не­при­сто­ен пред­лог на Ал­бан­ци­те, „про­фе­си­о­нал­ци­те“ ги пре­и­на­чи­ја во не­при­ја­тел­ска про­па­ган­да. Де­мек, „ку­ри­ри­те“ ла­же­ле за да ги оцр­нат тол­ку не­ви­но­то би­тие и бес­пре­кор­но чи­сти­от образ на искре­ни­от со­ци­јал­де­мо­крат­ски ли­дер.

А исти­от тој што збо­ру­ва­ше за „гр­до­то ли­це на Ма­ке­до­не­цот“ ја по­ка­жа це­ла­та гр­до­ти­ја на сво­е­то. За­мис­ле­те са­мо, За­ев не ла­жел? Прв­пат во жи­во­тот ја ка­жу­вал ви­сти­на­та? Не­ве­ро­јат­но, но ви­сти­ни­то. Да, ама не ги ла­жел са­мо Ал­бан­ци­те. Еден ден по из­бо­ри­те, Му­хи се отво­ри, по не­го БЕСА, а ја­го­тка­та на вр­вот од тор­та­та бе­ше „бак­ни ра­ка“ на ал­бан­ски­те ли­де­ри кај нив­ни­от ду­хо­вен та­тко Еди Ра­ма. Или беа ам­ба­са­до­ри­те, кои фа­ти­ја стра­на и ка­ко сле­пи за стап зап­наа да ја про­тур­ка­ат ве­ќе про­ѕир­на­та при­ка­ска? Ка­ко и да е, ги пре­се­че прог­ла­сот на ВМРО-ДПМНЕ. И та­ка, поч­наа „про­фе­си­о­нал­ни­те“ пи­скот­ни­ци од Га­лич­ник до Ре­ка. Или бе­ше од Брај­чи­но до Бри­сел? Се­пак, про­дол­же­ни­е­то на ан­то­ло­ги­ска­та по­е­ма „Сер­да­рот“ на Пр­ли­чев це­лос­но се сов­пад­на со со­стој­ба­та во ко­ја за­пад­наа со­вре­ме­ни­те Ма­ке­дон­чи­ња со со­ро­со­ид­на ге­не­а­ло­ги­ја на бан­кар­ско­то кон­то, мно­гу­ми­на по­том­ци на ко­до­ши, а дел и та­зе илу­стри­ра­ни. Што те­шка не­сре­ќа ги збра и ма­жи­те, и же­ни­те, та гла­си таж­на ека и на­ве­ва сал коб и зла? Пра­ша Пр­ли­чев, а од­го­во­рот на пра­ша­ње­то на по­е­тот во ма­ке­дон­ско­то по­стиз­бор­но со­вре­ме­ние би бил: Искрен збор за ам­ба­са­до­ри­те жал­ни, да­реж­ли­ви спон­зо­ри на де­ло­то на Ма­ке­дон­че­то нев­ла­ди­но и про­фе­си­о­нал­но не­про­коп­са­но. За про­ме­на, ова не бе­ше сло­вен­ска, ту­ку со­ци­јал­де­мо­крат­ско-со­ро­со­ид­на ан­ти­те­за. Ше­га­та на­стра­на, но од­бран­бе­на­та про­ам­ба­са­дор­ска та­жа­лен­ка на ма­ке­дон­ска­та пет­та ко­ло­на бе­ше тол­ку па­те­ти­чен што пре­диз­ви­ка огро­мен на­гон за блу­е­ње кај оста­на­ти­от, про­ма­ке­дон­ски на­стро­ен дел од по­пу­ла­ци­ја­та. Пла­стич­но опи­ша­но, Ма­ке­до­не­цот блу­е­ше, а ем­па­тич­но­то Ма­ке­дон­че се по­тре­се од сро­че­но­то со кое ни­ка­кве­ци­те ги бра­неа сво­и­те ме­це­ни…

 

Заев се збуни пред Бејли, но каде исчезна амбасадорот во соопштението?

Од пр­ва­та ве­чер,таа по из­бо­ри­те, ли­де­рот на СДСМ си вле­зе во „ше­ма“. Сопс­тве­на и не­по­втор­ли­ва, се раз­би­ра. Та­ка, по­ве­ден од на­суш­на­та па­то­ло­шка по­тре­ба, на три ча­са по из­бо­ри­те тој си из­ла­жа де­ка осво­и­ле 52 пра­те­ни­ка, а ВМРО-ДПМНЕ 51. Гле­да­те, ка­ко и во се­ко­ја ла­га, по­втор­но има­ше и мал­ку ви­сти­на. Ре­тка мож­ност за во ан­то­ло­ги­ја, но За­ев не из­ла­жа. Да, Гру­ев­ски освои 51 ман­дат. Е, ко­га сфа­ти де­ка „ча­до­рот“ го из­ла­жал и де­ка не­ма ни­што од ве­те­ни­те 100.000 ал­бан­ски гла­со­ви, кои ста­наа „са­мо“ 70 ил­ја­ди, За­ев ја сме­ни пло­ча­та и за­сви­ри по ста­ро. Де беа не­ре­ше­но или 50-50, де Гру­ев­ски не­ма­ло да офор­ми вла­да и со 51, туж­би итн. При­ка­ски­те не­маа крај, ка­ко кри­за­та на­мет­на­та од нив, но За­ев се отво­ри со Беј­ли. Та­ка, тој во еу­фо­ри­ја од бли­зи­на­та на воз­љу­бе­ни­от штит­ник од сон­це, дожд и од зан­да­на, за­пел­те­чи и на сред­ба­та (ко­ја, со­се­ма „слу­чај­но“, бе­ше на са­мо еден ден по прог­ла­сот на ВМРО-ДПМНЕ) со­оп­шти: „ Мно­зин­ска­та вол­ја на гра­ѓа­ни­те мо­ра да би­де по­чи­ту­ва­на“ (со­оп­ште­ние на СДСМ по сред­ба­та на За­ев со Џес Беј­ли). И до­де­ка си­те се пра­шу­ваа на што е ли­де­рот, стиг­на образ­ло­же­ни­е­то. Во след­на­та ре­че­ни­ца тој до­пол­ни: „Мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни во Ма­ке­до­ни­ја из­бра про­ме­ни на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри“. Ни­ко­му не му е јас­но ка­ко е тоа воз­мож­но, но та­ка ве­ли таж­на­та ма­те­ма­ти­ка на За­ев, ко­ја во ни­кој слу­чај не е ве­се­ла, освен за не­го и за најб­ли­ско­то оп­кру­жу­ва­ње во вр­ху­шка­та . Па и да се фу­зи­ра­ле со БЕСА, се­стрин­ска пар­ти­ја по ал­ба­но­фи­ли­ја, дво­ја­зич­ност, ме­ну­ва­ње на Уста­вот, ре­де­фи­ни­ра­ње и кан­то­ни­за­ци­ја на др­жа­ва­та, се­ка­ко, не би би­ле по­бед­ни­ци. А ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА (па ду­ри и Се­ла) се дел од ста­ра­та по­ли­тич­ка кон­сте­ла­ци­ја, мо­же­би си­те со на­ма­ле­ни ман­да­ти од гла­со­ви­те на Ал­бан­ци­те за СДСМ, но тие што вла­де­е­ја до­се­га (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со зго­ле­ме­ни­те апе­ти­ти до­да­де­ни од ми­ри­сот на За­е­ви­те по­ну­ди кон Ал­бан­ци­те) по­втор­но има­ат мно­зинс­тво, а Гру­ев­ски и во ман­да­ти и во гла­со­ви го во­ди за два пра­те­ни­ка или за два­е­се­ти­на ил­ја­ди гла­со­ви. Да­ли таж­на­та ма­те­ма­ти­ка на За­ев се све­ду­ва на фин­та­та де­ка нив­ни­те гла­со­ви се бро­јат „по два“, за­тоа што е не­мер­ли­ва Сте­во­ва­та спо­ред­ба на нив­ни­те гра­ѓа­ни и на дру­га­та „сто­ка“? Ка­ко и да е, очиг­лед­но де­ка ни­ту Беј­ли не бил нај­не­жен со раз­ја­ре­ни­от и раз­ла­жан ли­дер. По­стои ед­на кла­си­ка, ко­ја се по­вто­ру­ва се­ко­гаш ко­га не­кој ќе ги иска­ра За­ев и Ше­ќе­рин­ска, овој пат и Спа­сов­ски. Се­ко­гаш, по не­пи­ша­но пра­ви­ло, ко­га стран­ски­от дип­ло­мат (бил Фи­ле, по не­го Хан, а се­га и Беј­ли) не­ма да им ка­же до­бар збор, т.е. ќе ги иска­ра, ис­чез­ну­ва­ат од со­оп­ште­ни­е­то на СДСМ. Та­ка бе­ше во ми­на­то­то, а се слу­чи и со аме­ри­кан­ски­от ам­ба­са­до­рот, кој со ни­ту еден збор не бе­ше спо­ме­нат што ка­жал на сред­ба­та, освен де­ка бил на неа. Бе­ше са­мо при­каз на За­е­во­то ла­мен­ти­ра­ње за из­бо­ри­те. Или, мо­же­би, тоа што тој тол­ку „хра­бро“ ја со­оп­штил не­ар­гу­мен­ти­ра­на­та глу­пост пред за­штит­ни­кот тре­ба да би­де до­каз де­ка не­мо ја одо­бру­ва. Чуд­ни се па­ти­шта­та со­ци­јал­де­мо­крат­ски…

 

Италијанскиот амбасадор наречен „алиби” ромео, не алфа…

Уште ед­на кла­сич­на ма­ни­пу­ла­ци­ја ста­на очиг­лед­на и вид­ли­ва од ави­он. Овој пат со ам­ба­са­дор, но не и од ам­ба­са­дор.Не збо­ру­ва­ме за иден­тич­ни­от во­ка­бу­лар на швед­ски­от ам­ба­са­дор Сте­фан­сон, кој во ин­терв­ју, без ни­ка­ква про­во­ка­ци­ја, плес­на де­ка „Мно­зинс­тво­то се ре­ши­ло за про­ме­ни“, а За­ев го пре­зе­де ка­жа­но­то и го те­ра исто без ар­гу­мен­ти, за­тоа што та­ка ре­кол ам­ба­са­до­рот, не­ли, а тоа е вр­вот на ек­ста­за­та за Ма­ке­дон­че­то. На­стра­на што Швед­ска бе­ше ед­на од оп­ци­и­те за европ­ска­та стра­на на „ча­до­рот“ по­ра­ди вдо­му­ва­ње­то на ексра­зуз­на­ва­чот кај пре­ми­ер ле­ви­чар, исто ка­ко и во Ита­ли­ја (заб. на прев. од пре­пи­ска­та на За­ев и на Ве­ру­шев­ски). Не, збо­ру­ва­ме за ед­на уште по­чуд­на по­ја­ва. Зна­е­те, ита­ли­јан­ски­от ам­ба­са­дор Кар­ло Ро­мео има чест да би­де во Ма­ке­до­ни­ја са­мо че­ти­ри ме­се­ци, а во тоа ку­со вре­ме исти­от тој среќ­ник има­ше чест да ста­не лаж­но али­би за За­е­во­то од­ло­жу­ва­ње на слу­ча­јот „По­ткуп“. Неј­се што е ше­сто по ред, овој пат е по­твр­де­но лаж­но. И до­де­ка ју­риш­ни­ци­те на СДСМ, кои имаа чест да би­дат дел од ад хок те­ло­то за ме­ди­у­ми, тро­па­ат по­ни­жу­вач­ки зе­ле­ни за не­ка­ква „ме­мо­ри­ја на дож­дов­ни цр­ви“ кај Ма­ке­до­не­цот (на­уч­но не е до­ка­жа­но де­ка цр­ви­те во­оп­што има­ат ме­мо­ри­ја, со што, ве­ро­јат­но, це­лат на Но­бе­ло­ва на­гра­да за би­о­ло­ги­ја) и кон­ста­ти­ра­ат де­ка, ве­ру­ва­ле или не, сме има­ле сре­ќа што „Ал­бан­ски­те гла­са­чи, за раз­ли­ка од ма­ке­дон­ски­те, не­ма­ат ме­мо­ри­ја на дож­дов­ни цр­ви“, не­кој и ,на­ви­сти­на, на­вре­ди не­чи­ја ме­мо­ри­ја. Од ед­на стра­на – што би оче­ку­ва­ле од лу­ѓе што има­ат фа­брич­ка гре­шка во име­то на ме­ди­у­мот во кој прет­ход­но ра­бо­теа, па та­ка офор­ми­ја „Сер­вис за про­вер­ка на фа­кти во ме­ди­у­ми­те“, а за нив­на жал фа­кти­те се нес­пор­на ви­сти­на и не мо­жат да се про­ве­ру­ва­ат, од­нос­но ви­сти­на­та е ед­на, но, очиг­лед­но, не и за неј­зи­ни­те из­вр­ту­ва­чи и спон­зо­ри­те од УСАИД. Од дру­га стра­на, по­ве­ро­јат­но збо­ру­ва­ме за со­ци­јал­де­мо­крат­ска умис­ла за „ме­мо­ри­ја­та на злат­на рип­ка“ кај на­ро­дот, ко­ја, спо­ред истра­жу­ва­ња­та (не­по­твр­де­ни це­лос­но во зо­о­ло­ги­ја­та), трае три се­кун­ди, но, ка­ко и да е, таа е свет­ски си­но­ним за кра­тко­трај­на ме­мо­ри­ја. Да­ли на ме­мо­ри­ја­та на злат­на­та рип­ка, на из­мис­ле­ни­те дож­дов­ни цр­ви, се­ка­ко, не, игра­ше и За­ев? Па „мај­ка му ста­ра“, ма­кар би­ла и мла­да (што би рек­ле пред ко­о­пе­ра­ци­ја) пред ре­чи­си ед­на го­ди­на ова вре­ме (по­точ­но на 15 октом­ври 2015 го­ди­на) исти­от тој За­ев и не­го­ви­те ад­во­ка­ти се по­ви­каа на сред­ба со то­гаш­ни­от ита­ли­јан­ски ам­ба­са­дор Ер­не­сто Ма­си­ми­но Бе­ле­ли за да од­ло­жат суд­ско ро­чи­ште. Из­го­во­рот е по­ве­ќе од бе­ден, но то­гаш и се­га има две раз­ли­ки. И то­гаш За­ев до­би од­ло­жу­ва­ње за­тоа што на­ши­те су­дии се по­тре­су­ва­ат од спом­ну­ва­ње дип­ло­ма­ти, кои има­ат оби­чај да си одат на „по­се­док“ по су­до­ви, об­ви­ни­телс­тва, прес-кон­фе­рен­ции на СЈО итн. То­гаш се ра­бо­те­ше за друг слу­чај. Ми­на­та­та го­ди­на се „из­ва­ди­ја“ на Бе­ле­ли за ро­чи­ште од „Пуч“, вре­ме ко­га уште коп­не­е­ја Ка­ти­ца Ја­не­ва да го зе­ме пред­ме­тот. Се­га се си­гур­ни за „Пуч“, па се ва­деа за „По­ткуп“. Се из­ва­ди­ја кај су­ди­и­те, но не и кај јав­но­ста. За нив­на жал, Ро­мео да не ти бил Бе­ле­ли, ту­ку мал­ку по­и­скрен.

Та­ка, си­же­то на не­су­де­на­та љу­бов­на дра­ма „Ро­мео и За­ев“, ко­ја во ме­ѓу­вре­ме стра­на бур­ле­ска, це­лос­но сме­ни жанр во мо­мен­тот ко­га Кар­ло Ро­мео јав­но ја отка­жа и ја отфр­ли по­ну­де­на­та љу­бов од За­ев и на „Тви­тер“ искре­но си на­пи­ша де­ка ден­та не­мал сред­ба со ни­ко­го и де­ка сѐ дру­го е це­лос­но не­точ­но. Сѐ ќе бе­ше, мо­же­би, и мал­ку по­при­стој­но, до­кол­ку За­ев не из­ла­же­ше во ни­за – два­па­ти во ед­на иста из­ја­ва пред исти­от суд. Ба­ра­ше изо­ста­ву­ва­ње на об­ви­ни­те­лот Вла­ди­мир Ми­ло­шев­ски од „По­ткуп“, со образ­ло­же­ние де­ка бил под истра­га на СЈО на Ја­не­ва за кри­вич­но де­ло. За не­полн час, го де­ман­ти­ра­ше ток­му СЈО на Ја­не­ва?! Не­ве­ро­јат­но, не­ли. Ако мал­ку се вра­ти­те на­зад на прет­ход­ни­те сто­ти­ци ла­ги – во Тел Авив (го де­ман­ти­ра­ше лич­но изра­ел­ски­от ми­ни­стер Ша­лом), Љуб­ља­на („на­ме­сте­ни­те“ од Гру­ев­ски во Ди­во На­се­ље ста­наа те­ро­ри­сти), Бри­сел (во из­ја­ва по­твр­ди де­ка збо­ру­ва­ле со евро­ко­ме­са­рот Фи­ле за ре­ше­ние за име­то, па го де­ман­ти­ра­ше са­ма­та СДСМ) Скоп­је (три де­на ури­ва­ње вла­да со „бом­би­те“, нив­но по­тек­ло – три из­во­ри сме­не­ти за еден ден, оста­вка до­кол­ку за­гу­би на из­бо­ри, три­па­ти сме­не­ти ци­фри на „бом­би“ и ин­вол­ви­ра­ни во нив, де­се­ти­ци дру­ги итн.) раз­мис­ле­те, чу­му не­ко­гаш за што би­ло би му ве­ру­ва­ле? Уште по­кон­крет­но, ка­ко ва­ков па­то­ло­шки лаж­го ус­пе­ва тре­та го­ди­на да ја др­жи Ма­ке­до­ни­ја во кри­за.

Во ед­на ра­бо­та, За­ев по­втор­но е во пра­во и, за про­ме­на, не ла­же. Лич­но из­ја­ви де­ка „ри­ба­та смр­ди од опа­шка­та“. Не­точ­но од фра­зе­о­ло­шки ас­пект, но точ­но од не­гов. Крај­но вре­ме е не­кој да се сми­лу­ва и да го сим­не од неа. За до­бро­то на опа­шка­та.

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 225. број на неделникот „Република“, 23.12.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top