| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвездата на „Беверли Хилс“ очекува петто дете

Ѕвездата на тинејџерската хит-серија „Беверли Хилс“, Тори Спелинг (43) и нејзиниот сопруг Дин Мекдермот (50) очекуваат петто дете.

– По ќерката Стела и Хети и синовите Фин и Лиам, ќе добиеме уште едно момче. Можеби ќе мораме да се потрудиме и за шесто дете – рече Спелинг, која во изминатата деценија преживеа два банкроти.

Нејзиниот татко, покојниот медиумски магнат Арон Спелинг, ѝ остави само околу 800.000 долари наследство, бидејќи најголемиот дел од неговиот имот вреден 700 милиони долари ѝ ги остава на сопругата Кенди.

Тори и Дин се во брак десет години, но годинава актерот повторно ѝ предложи брак . Тој клекна пред неа и нивните деца, и извади прстен од „Тифани“. Сѐ се одвиваше пред Ајфиловата кула во Приз. Тие објаснија дека нивната врска е бурна, па на секое заладување на односите, тој повторно ѝ предлага брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top