На една од улиците во Тузла која гравитира кон центарот на градот, синоќа околу 2 часот по полноќ се случила тешка сообраќајна несреќа кога возач на БМВ удрил и значајно оштетил три возила кои биле паркирани, по што го бутнал и семафорот. По незгодата тој избегал од местото на несреќата, но подоцна бил пронајден и приведен. Станува збор за момче од 22 години.
Како што може да се види и од фотографиите, тој возел со голема брзина, а откако се забил во автомобил Шкода, оштетил уште неколку кои биле паркирани еден позади друг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.