Легендарниот дефанзивец на Баерн Минхен и на германската фудбалска репрезентација, Франц Бекенбауер, зборувајќи за финалето на Лига шампиони, изјави дека трофејот во ова натправарување е нешто посебно и дека освојувањето на овој трофеј е нешто најголемо што може да се освои во фудбалот.
Бекенбауер е трократен освојувач на Лигата на шампиони во почетокот седумдесетите години со минхенски Баерн и верува дека оваа екипа може да го освои трофејот во третиот обид во последните четири години.
Баерн на 25 мај ќе се обиде да го освои трофејот против Борусија од Дортмунд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.