Специјално јавно обвинителство (СЈО) предводено од Катица Јанева лумпува по кафеани, додека граѓаните плаќаат. СЈО вечерва има предновогодишна прослава во елитниот скопски ресторан „Ден и ноќ”, пишува Журнал.нет.
Присутни гости на социјалните мрежи револтирано сведочат дека целиот втор кат од ресторанот е запоседнат, а дел од нив биле испратени и преместени во долниот спрат, заради тоа што на предновогодишната забава славеле некои “важни и високи гости“.
Важните гости се обвинителите од СЈО, меѓу кои и Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска и Катица Јанева. Дилемата е дали има и други ВИП гости кои не сакаат да бидат видени во јавноста, а за кои е нелогично да бидат на забава на СЈО.
– Поради важни ВИП гости целиот втор кат од „Ден и Ноќ” е запоседнат. Поради важните гости, другите кои бевме на горниот спрат не преместија на долниот. Фрчат скапи пијалоци, се пушат цигари, пристигна и жива музика, се игра и на маса. Кој плаќа за ваквата фешта?, сведочат на социјалните мрежи револтирани гости кои вечерва се нашле на местото.
Прашањето кое се поставува во јавноста е кој плаќа за ваквата фешта. Многу веројатно е цехот да биде на сметка на граѓаните, платен од милионскиот буџет на СЈО. Ваквата разуданост и раскалашеност предизвикала револт кај гостите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.