| четврток, 6 декември 2018 |

Мендух Тачи поднесе оставка од лидерската позиција во ДПА

menduh-taci-123

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, вечерва соопшти дека си поднел неотповиклива оставка од лидерското место во партијата. Информацијата ја објави на својата официјална Фејсбук страница.

– Драги пријатели, само што дадов неотповиклива оставка од функцијата претседател на Демократската партија на Албанците. Со ДПА до вонредниот конгрес колективно ќе раководи Управниот совет. Дополнително ќе биде определен датумот кога тој ќе биде одржан. За координатор на сите активности е назначен генералниот секретар Азем Садику, напиша Тачи на својата страница на Фејсбук.

menduh

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top