| четврток, 6 декември 2018 |

Секој ден таа ми недостига се повеќе – принцот Хари ја отвори душата

%d1%85%d0%b0%d1%80%d0%b8

Британскиот принц Хари никогаш не можел да се справи со смртта на мајка му, принцезата Дајана, која загина во сообраќајна несреќа 1997 година, кога тој имаше само 12 години.

-Сите чувства ги потиснав длабоко во себе. Не можев да се носам со тоа. Сега ми е жал што тогаш не побарав помош. Дури на 28 години почнав да разговарам за мајка ми – изјави во едно интервју 32-годишниот принц.

Семејните пријатели велат дека поради оваа траума тој имал проблеми во односите со девојките, па затоа и во долгите врски се држел на дистанца. Тој сега е во врска со 35-годишната американска актерка Меган Маркел, која кралското семејство не ја одобрува.

Еден од пријателите на Хари изјави дека за разлика од него, неговиот брат принцот Вилијам полесно ја преболел смртта на мајка им.

– Вилијам е повеќе како татко му и има поблаг карактер. Хари пак е тврдоглав, комплициран и бунтовен, исто како мајка му – додава тој.

Кога загина, Дијана имаше 36 години, па Хари признава дека колку повеќе се доближува до таа возраст, повеќе сака да разговара не само за мајка му, туку и за чувствата.

– Јас дури сега разбирам колку беше млада кога таа почина – изјави Хари, кој ја продолжи хуманитарната работа на Дијана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top