| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре музичко студио во Карпош

Вчера во 18.45 часот во ЕИК било пријавено дека во Скопје на ул. „Никола Парапунов“, од засега непознати причини избувнал пожар во објект, сопственост на В.Р. (54) од Скопје.

Во просториите, кои претходно се користеле како музичко студио, целосно се изгорени три сета удирачки инструменти, четири појачувачи, четири гитари, неколку микрофони и друга музичка опрема. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита и повредени лица нема.

Увид ќе се врши денеска по што ќе се утврдат причините за настанување на пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top