Руското воено воздухопловство од почетокот на кампањата во Сирија во септември 2015 година, извеле 71.000 напади во кои се убиени 35.000 борци, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
-Во операциите се уништени 752 кампа за обука, 405 фабрикји и работилници за муниција, 1.500 единици на воена опрема на терористите, 35.000 екстремисти, меѓу кои и 204 лидери- прецизираше Шојгу на состанокот во министерството на кој присуствуваше и претседателот на државата Владимир Путин.
Според информациите на Шојгу, „руските сили ослободиле 12.360 квадратни километри сириска територија со 499 населби од терористите“.
-Од почетокот на операцијата, руската авијација извела 18.800 летови и 71.000 удари на инфраструктурата на терористите- заклучи рускиот министер за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.