| четврток, 6 декември 2018 |

Шојгу: Убиени 35.000 екстремисти и уништени 752 кампа за обука во 71.000 напади во Сирија

Руското воено воздухопловство од почетокот на кампањата во Сирија во септември 2015 година, извеле 71.000 напади во кои се убиени 35.000 борци, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

-Во операциите се уништени 752 кампа за обука, 405 фабрикји и работилници за муниција, 1.500 единици на воена опрема на терористите, 35.000 екстремисти, меѓу кои и 204 лидери- прецизираше Шојгу на состанокот во министерството на кој присуствуваше и претседателот на државата Владимир Путин.

Според информациите на Шојгу, „руските сили ослободиле 12.360 квадратни километри  сириска територија со 499 населби од терористите“.

-Од почетокот на операцијата, руската авијација извела 18.800 летови и 71.000 удари на инфраструктурата на терористите- заклучи рускиот министер за одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top