Тимот на Ница, лидерот на табелата во францускиот шампионат, одигра реми без голови на гостувањето против Бордо, а тоа го искористија Монако и ПСЖ, кои се доближија на два, односно на пет бода негатива.
Ница ги загуби и Балотели и Белханда кои добија црвени картони во самиот финиш од дуелот против Бордо.
Монако со 2-1 го совлада Каен. Фалкао од пенал го отвори резултатот во 49.минута, потоа Каен остана и со играч помалку, а Бакајоко зголеми на 2-0. Конечниот епилог беше поставен во судиското продолжение, кога Базил го намали резултатот.
ПСЖ беше убедлив и славеше со 5-0 против Лориент. Муние започна со серијата голови, Туре си постигна автогол, а во второто полувреме стрелаа и Тијаго Силва, Единсон Кавани од пенал, како и Лукас.
И тимот на Лион дојде до победа на домашен терен против Анжер. Најдобриот играч на Лион, напаѓачот Лаказет го отвори резултатот рано во 9. минута, а конечните 2-0 ги постави Фекир во финишот на мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Балотели конечно проговори за сагата во Ница (Видео)
-
Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо, шпанските медиуми шокирани (Видео)
-
ПСЖ ја потврди повредата на Нејмар, веројатно го пропушта реваншот со Реал Мадрид