Рекордно ниска температура од минус 62 Целзиусови степени е регистрирана во областа Големо Олхово во автономниот округ Ханти-Мансиск, соопштија денеска локалните власти.
Поради големиот студ прекината е наставата во училиштата. Претходно е објавено дека поради многу лошите временски услови одложени се сите летови на локалните аеродроми.
Според властите, метеоролозите прогнозираат во петок температурата да се покачи на минус 30 Целзиусови степени и се шегуваат дека ќе им биде како да се на некои јужно одморалиште.
Апсолутниот температурен рекорд кој е регистриран во Русија, е забележан во селото Ојмјакон во Јакутија, кого го нарекуваат „пол на студот“ на планетата. Таму во 1938 година биле измерени минус 77,8 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Подгответе се: Од невообичаени високи температури и сонце одиме на 0 степени
-
Вистинско лето во октомври: Детална временска прогноза за цела недела
-
Температурата и наредниов период ќе биде под просекот за овој период од годината
-
Повеќе дожд и без пеколни температури – еве какво лето не чека оваа година!