| четврток, 6 декември 2018 |

Почина баба Милка – дадилката на децата на Трамп

milka

Милка Милисављевиќ, Србинката која кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите ги чуваше двајцата синови на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, почина синоќа во 85. година од животот во болницата во Белград, по кратко боледување.

Оваа Белграѓанка во куќата на Трамп поминала 8 години, и како што изјави има многу убави спомени од таму. Последните 15 години баба Милка живееше во својот стан во Гроцка, а дури неодамна откри дека била дадилка на децата на новиот американски претседател.

Милка Милисављевиќ ќе биде погребана во сабота на гробиштата во Гроцка. Зад себе остави двајца синови кои живеат во САД како и внуци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top