Слобода Миќаловиќ и Воин Четковиќ, едни од најпознатите српски актери се во брак веќе 14 години и ретко кој се сеќава на нивните претходни врски.
Тие се зближиле на снимањето на филмот Зона Замфирова, а по 6-годишна врска решиле својата љубов да ја крунисаат со брак.
Кум им беше исто така познатиот актер Никола Ѓуричко, а во 2008 тие го добија близначките Мила и Вера.
Пред да ја започне романската со Слобода, Воин бил еколку години во брак со новинарката и водителка на РТС, Наташа Миловановиќ.
Слобода пак пред нејзиниот сегашен брак, била во сериозна врска со режисерот Југ Радивоевиќ кој денес е во брак со актерката Милена Васиќ. Интересен е фактот што режисерот пред да се пушти во љубовна авантура со Слобода, бил во врска со неговата сегашна сопруга Милена, а судбината сакала повторно да ги спои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.