Били Марлер поминал повеќе од 20 години работејќи со тужби за труење со храна, а неговите клиенти добивале милионски долари отшети. Решил веќе никогаш да не јаде одреден вид храна, бидејќи, како што му кажува искуството, овие намирници не се вредни за разикиот.
1.Сурови остриги
Труење со школки во последните пет години е поголемо во однос на претходните две децении а виновникот е загревањето на водата. Како глобално водата се повеќе се загрева, тоа го поттикнува растот на микробите, кои завршуваат во суровите остриги.
2.Исечкано овошје и зеленчук и подготвено за продажба
Овој начин на продажба станува се поппуларен. Малер вели дека го избегнува „како чума“. Можеби е полесно за конзумација, но колку повеќе храната се обработува и минува низ повеќе раце, со тоа се зголемуваат шансите за контаминација.
3.Сурови никулци
Суровите никулци биле причина за повеќе од 30 бактериски епидемии, првенствено салмонела и ешерихија коли во последните две децении. Малер вели дека воопшто не ја јаде оваа храна бидејќи постои голем ризик на контаминација.
4.Крвав бифтер
Месото мора да биде термички обработено на висока температура, за да се убијат бактериите кои може да предизвикаат ешерихија коли или салмонела.
5.Сурови јајца
Може да предизвикаат труење со салмонела и Марлер ги избегнува.
6.Непастеризирано мледо и сокови
Се повеќе има движења кои ги охрабруваат луѓето да пијат сурови сокови и млеко, тврдејќи дека пастеризацијата ја намалува нивната хранлива вредност. Марлер вели дека патеризацијата не е опасна, а со прескокнувае на овој сигурносен чекор може да значи и зголемен ризик од контаминација со бактерии, вируси и паразити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.