| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнат и ограбен гостиварец

Две лица извршиле разбојништво врз 27-годишен жител на Гостивар кого физички го нападнале и му одзеле пари и мобилен телефон.

Разбојништвото се случило синоќа околу 22:30 часот кога на регионалниот пат Гостивар – Кичево, по мостот на реката Вардар, двете лица, од кои едниот Ф.Ш. од Албанија, побарале од 27-годишниот Ф.А. да ги однесе до селото Равен. Кога стигнале побарале од него да застане и да им свети со мобилниот телефон затоа што изгубиле клучеви. Откако излегле надвор, двете лица физички го нападнале Ф.А., удирајќи го со тупаници по главата, а во еден момент едно од лицата му ги фатило рацете на Ф.Ш., а другиот му одзел 100 евра, 2.800 денари и мобилен телефон, по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top