| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е најкраткиот ден во годината, но и најважниот!

Денеска кога е најкраткиот ден во годината официјално почнува зимата.

Иако се смета дека целиот ден е зимска краткодневница, научниците всушност можат да измерат прецизен момент кога тоа се случува. Утврдиле дека тоа е момент кога Сонцето од нашата перспектива се наоѓа директно над Јужниот повратник, паралела која се протега долж јужната хемисфера.

Денеска денот ќе трае седум часа, 49 минути и 41 секунда, што е скоро девет часа пократко од најдолгиот ден во годината.

Во регионот на Арктичкиот круг Сонцето нема ни да излезе.

Зимската краткодневница обично е на 21 декември, но тој датум варира секоја година поради благата разлика меѓу времењто кое го користиме и соларното време, поради кое секоја четврта година е престапна.

Современите пагани и ден денес по повод летната долгодневница и зимската краткодневница се собираат во Стоунхенџ, кој е изграден пред повеќе од илјада години.

Во чест на доаѓањето на зимата, се колеле животни и пиеле пиво и вино.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top