Италијанските гиганти Јувентус и Милан за кусо се селат во Катар, каде в петок ќе го одиграат мечот од Суперкупот на Италија. Но, фудбалерите и стручниот штаб на Милан имаа неочекувани проблеми при патувањето и останаа во Лондон. Нивниот лет за Лондон е откажан, па тие утре изутрина ќе го продолжат патувањето.
„Росонерите“ ќе останат во Лондон поради технички проблеми со кои се соочувал авионот кој требало да ги превезе кон Катар.
Јувентус утре изутрина веќе ќе пристигне во Доха, па фудбалерите на „старата дама“ очигледно ќе имаат малку повеќе време за одмор и за подготовка пред Суперкупот од своите противници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.