Посмртните останки на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, кој беше убиен вчера во Анкара, вечерва беа префрлени во Москва.
Ковчегот со телото на Карлов на московскиот аеродром „Внуково“, меѓу останатите, го пречекаа и министрите за надворешни работи на Русија и Турција, Сергеј Лавров и Мевљут Чавушоглу.
Ковчегот прекриен со руско знаме по изнесувањето од авионот, беше поставен на постамент на влезот во терминалот на аеродормот.
Карлов беше убиен од страна на турски полицаец додека говореше на отворањето на фотоизложба за Русија во Анкара. Веднаш по инцидентот, атентаторот беше убиен.
Руското Министерство за надворешни работи овој настан го оцени како терористички чин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.