| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно отворена железничката станица во Келн

По проверките на специјалистите за експлозиви на германската полиција, вечерва повторно за сообраќај е отворена главната железничка станица во градот Келн.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, станицата беше затворена околу 18 и 30 минути поради дојава за поставена бомба, по што од неа беа евакуирани сите патници и вработени.

Според германските медиуми, во прекин покрај железиничкиот сообраќај речиси еден час бил и другиот сообраќај во близина на станицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top