| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска гатачка уште пред една година го предвиде атентатот во Турција, сега открива тајна за Путин

Хрватската гатачка Вера Чудина уште пред една година најави дека ќе се случи она што се случи вчера во Турција, како и она што се случуваше во Америка минативе месеци.

Чудина тогаш откри дека нема да има Трета светска војна каква што сите замислуваат, дека Европската унија ќе се распадне, а и дека истекува времето на претседателот Барак Обама.

Она што сите ги зачуди е нејзиното пророштво во врска со Турција и Владимир Путин. Таа кажа дека на Турција лошо и се пишува, а дека Владимир Путин ќе го преврти светот, додека нови сили ќе бидат Кина и Индија.

-Путин е лидер со кец во ракавот, Турција ќе пропадне во обидите да го реанимира Османлиското царство. ЕУ наизглед ќе се зацврсти, но со бришење на границите на чие место доаѓаат бодликави жици како во канцлогорите. ЕУ ќе се распадне, додека Кина како велесила ќе ги изненади сите, не треба да се заборави ниту Индија, кажа тогаш Чудина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top