Почнувајќи од денеска, во следните десет дена македонската ракометна репрезентација ќе ја мине првата фаза од подготовките за Светското пренство во Франција во Маврово.
Селекторот Лино Червар со себе поведе 24 ракометари, а по Нова година следуваат контролните натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина.
Веднаш по тестовите со БиХ, селекторот Червар ќе го скрати изборот и ќе ги одреди патниците за Мундијалот.
Светското првенство во Франција стартува на 11 јануари, а Македонија се наоѓа во група во Мец заедно со селекциите на Ангола, Словенија, Шпанија, Исланд и Тунис. Против стариот должник Тунис на 12 јануари го играме премиерниот меч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.