Кевин Принс Боатенг своите најдобри играчки денови ги мина како член на Милан, a фудбалерот од Гана оваа сезона повторно игра во солидна форма во редовите на Лас Палмас. Тој веќе успеа да постигне пет гола во шпанската Примера, а неодамна во интервју за „Марка“ тој се осврнал на погрешните работи што го направил во кариерата.
Кевин жали за тоа што во минатото одбивал повеќе да работи на себе и да се надогради како фудбалер, но исто изненади и со својата изјава дека во рок од само две години успеал да ги потроши сите пари кои ги заштедил од фудбалот.
– За мене навистина беше претешко да се справам со славата. Од ден во ден добивате толку многу пари и можете да си дозволите се што сакате. За две години потрошив се што заработив во фудбалот, а тоа беше и се што имав. Автомобили, скапи часовници, обувки, дискотеки, ресторани. Трошев на пријатели кои всушност не ми беа вистински пријатели. За момче како мене кое доаѓа од сиромашно село, тоа беше навистина опасно. Мило ми е што го оставив тоа зад себе иако жалам за многу работи. Кога бев млад не работев многу на себе, го користев само мојот талент. Тоа не беше правилниот пат, сега навистина жалам што не работев напорно, открива Боатенг во изјавата за „Марка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим