Владата на Албанија предлага амнестија за неколку стотици затвореници поради пренатрупаност на затворите и казнените установи, пренесе агенцијата АТА.
Според предлог законот, се предвидува ослободување на 670 затвореници, на коишто им преостануват најмногу две години од казната која ја отслужуваат. Исто така, ќе бидат ослободени и жени над 55-годишна возраст и мажи над 60 години, но не и оние кои се осудени за тешки криминални дела.
Во затворите и центрите за притвор има 6.158 лица, а тие се предвидени за 5.455 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.