| четврток, 6 декември 2018 |

Шефицата на ММФ е прогласена за виновна

Специјалниот суд во Франција ја прогласи за виновна шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Легард за виновна од немарност и вмешаност во „аферата Тапи“ 2008 година.

Немарноста датира од период кога била на функција министер за финансии на Франција, а судот реши да не и изрече казна, ниту пак да и отвори кривично досие. Легард тогаш одобрила исплата на 400 милиони евра на контроверзниот бизнисмен Бернар Тапи.

Портпаролот на ММФ соопшти дека челниците на Фондот наскоро ќе се состанат, а нејзиниот адвокат изјави дека ќе се жали на пресудата.

Иако нема казна, се очекува дека таа ќе биде приморана да го напушти кормилот на ММФ. „Ројтерс“ пишува дека одлуката може да предизвика нова криза во ММФ, откако и претходникот Доминик Штрос Кан поднесе оставка во 2011 година поради скандал поврзан со сексуален напад.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top