Но, во татковината ја дочекал шок. Веднаш по враќањето, данската разузнавачка служба ѝ го одзела пасошот со немера таа повеќе да не оди во Сирија. Во Данска добила 12-месечна забрана за патување, но таа на суд признала дека на 6. мај оваа година заминала во Катар. Властите веднаш ја ставиле во притвор.
Нејзиниот адвокат, Ербил Каја, е огорчен од фактот дека данските власти се борат против лице кое војувала со данските војници и останатите коалициски сили.
– Ова е срамота! Повратниците од Сирија кои се бореле на страната на џихадистите се обидуваат да ги рехабилитираат, а неа ја ставаат зад решетки. Ние сме првата земја во светот која казнува лица затоа што се бореле на страната на меѓународната коалиција. Невидено лицемерие. Значи, живееме за да им простиме на терористите, а да ги казниме луѓето кои се борат за правда. Нема смисла, зарем не? – изјавил Каја.
Палани е ќерка на ирански Курд и родена е во бегалски камп во Рамади во 1993. година. Нејзиното семејство три години подоцна се преселило во Данска. Како што вели самата, отишла во Курдистан да се бори за „женските права и демократијата”.
Сега ѝ се заканува 2-годишна затворска казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.