| четврток, 6 декември 2018 |

Трајковски: Со Несторовски е одлично да се соработува во нападот

Александар Трајковски, македонскиот фудбалски репрезентативец, е херој на Палермо. Брзоногиот фудбалер синоќа постигна гол за триумф во луд меч над Џенова (4-3), а по натпреварот, тој му се заблагодари на тренерот Корини за дадената доверба и воедно потенцира дека тој со Несторовски функционира многу добро во нападот.

– Корини ми кажа да излезам на терен и да го дадам најдоброто од себе за да му помогнам на тимот. Имав чувство дека сум подготвен и бев во право. Со Несторовски во нападот, можам да играм како втор напаѓач или како крилен. Мојата врска со него е многу добра, се сложуваме одлично. Го зборуваме истиот јазик, тој игра феноменално во Серија А – изјави Трајковски.

Брзоногиот фудбалер прокоментира нешто за наредниот меч против Пескара, но исто така не заборави и да ги повика навивачите на трибините.

– Подготвени сме за дуелот со Пескара. Ќе биде важно да забележиме позитивен резултат, за да продолжиме да го „бркаме“ Емполи кој е на безбедната позиција во Серија А. Се надевам дека нашиот стадион ќе биде полн. Да освоиме три бода на наредниот меч е премногу важно за нас – заклучи Трајковски.

Трајковски за Палермо одигра меч по долго време затоа што изминатите месеци се бореше со повреда на глуждот. За тимот од Сицилија ова беше прва победа во последните шест кола или втора сезонава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top