Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов на денешната 4.седница на Управниот Одбор истакна дека тој како прв човек на федерацијата дава комплетна поддршка за стручниот штаб и сите нивни одлуки.
– Ние како федерација стоиме комплетно позади стручниот штаб и нивните одлуки. Го поздравувам подмладувањето, бидејќи мислам дека токму сега е вистинското време ако се земе предвид дека е старт на олимписки циклус. Треба да го искомпонираме тоа искуство и младост. Мора да одиме чекор по чеко. Гледаме дека младите играчи полека созреваат преку настапите во Металург во ЛШ и СЕХА. Групата е тешка на СП, за нас голем успех ќе биде да се пласираме во втората фаза. Ние како федерација ќе ја пружиме цела организациска и логистичка поддршка како и до сега – изјави Мукаетов.
На денешната седница беше изгласана одлука за свикување на Редновно Собрание на РФМ кое се закажа за 7. фебруари 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.