Денеска во хотелот „Континентал“ во Скопје започнува Отвореното шаховско првенство на Скопје во забрзанио темпо на игра од двапати по 15 минути, плус за секој одигран потег уште пет секунди.
Ќе бидат одиграни девет кола по швајцарски систем, а наградниот фонд изнесува 76.000 денари. Пријавени се преку 100 шахисти од кои четири велемајстори, четири интернационални мајстори и осум ФИДЕ-мајстори.
Првакот на Македонија и член на Алкалоид, Филип Панчевски е прворангиран и шахист со највисок рејтинг на турнирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.