Зоран Вркиќ и Драган Лабовиќ, кошаркарите на Карпош Соколи кои блескаа во дуелот против Крка заслужено добија место меѓу најдобрите на колото во АБА-лигата.
Во рамки на 14. коло тимот од Скопје ги декласира Словенците, а Вркиќ се најде меѓу најдобрите на колото, на четвртата позиција, со 29 индекс-поени. Лабовиќ, пак, го доби второто место меѓу најдобрите поентери, со 24 поени, зад Филип Човиќ кој ја одигра најдобрата партија за ФМП сезонава и постигна 30 поени.
Вркиќ доби место и меѓу најдобрите „крадци“, со три украдени топки. Свој претставник имаше и МЗТ Скопје, меѓу скокачите, каде се најде Џош Скот на петтото место со девет скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.