Со оглед на тоа дека во светот од година во година има се повеќе милијардери, да се биде милионер не звучи толку луксузно како некогаш. Сепак се уште е привлечно да се биде милионер.
Милион долари веќе не вредат како некогаш. Во времето на нашите татковци, тоа било цифра од која се завртувало во глава. Во светот денеска се калкулира со поголеми цифри, но милионот и понатаму останува сон на многумина.
Баш поради тоа што светот се врти околку поголеми бројки, изгледа не е претерано тешко да се стане милионер. Но неопходно е да се исполнат одредени услови. Ова се петте услови без кои тешко ќе станете милионер.
1.Вносна кариера
Ако сакате да се опарите, има три главни бизниси во кои можете да го остварите својот сон:информациски технологии, финансии и сметководство. Иако на прв поглед не делуваат привлечно и перспективно, во светот најбрзо ќе напредувате ако работите за такви компании.
2.Високи приходи
Просечниот годишен приход на домаќинствата во САД, кои ги сочинуваат лицата запослени во споменатите бизниси, изнесува околу 125.000 долари. Тоа е скоро двојно повеќе од останатите домаќинства, што ви дава можност за заштеда.
3.Самостојност
Осум од десет „милионери во настанување“ сами го стекнале своето богатство, а еден дел го наследил.
4. Долгорочен фокус
Три од четири богаташи имаат долгорчен пристап на идејата за инвестирање. Основна идеја се долгорочни инвестиции, без претерано ризикување со краткорчни.
5. Одговарачка агресивнсот
Ако саката да ризикувате, не претерувајте. Вложувањето во ризични работи е во ред ако се работи за високи стапки на раст или долгорочно враќање на капиталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.