Жители на Штрпце, мало место под Шар Планина во Косово, во четвртокот биле сведоци на несекојдневен феномен. Тие се јавиле во редакција на Курир.рс, и посведочиле за она што го виделе на небото, а кое според нив можеби е некој феномен или дело на вонземјани.
Фотографиите кои жителите ги пратиле во редакција, покажуваат несекојдневна појава точно над Љуботен, највисокиот врв на оваа планина. Кругови во боја биле нависнати над врвот на планината и според раскажувањата на мештаните се движеле со минимална брзина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.