| четврток, 6 декември 2018 |

Пекинг ги затвори училиштата заради загаденоста

Училиштата во Пекинг нема да работат следните три дена заради  загаденост на воздухот. Властите во кинеската престолнина ги откажале наставните активности за три дена заради високото загадување на воздухот .

Во моментов во Кина е прогласен највисок црвен код за загадување на воздухот, што значи дека ќе има ограничување на движењето на транспортот, на градилиштата работата ќе биде прекината, а градинките ќе бидат затворени.

Индустриските претпријатија треба да ги намалат исфрлените материи во атмосферата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top