Училиштата во Пекинг нема да работат следните три дена заради загаденост на воздухот. Властите во кинеската престолнина ги откажале наставните активности за три дена заради високото загадување на воздухот .
Во моментов во Кина е прогласен највисок црвен код за загадување на воздухот, што значи дека ќе има ограничување на движењето на транспортот, на градилиштата работата ќе биде прекината, а градинките ќе бидат затворени.
Индустриските претпријатија треба да ги намалат исфрлените материи во атмосферата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


