| четврток, 6 декември 2018 |

Се возела осум часа за на кратко да го види нејзиното момче, па се вратила со истото такси

uber

Возач на „Убер“ постигна рекорд на досега најдолго регистрирано возење во историјата на компанијата. Џенис Роџерс се јавил на повик на една жена која нарачала такси возило и со него минала дури 397 милји (640 километри) од Вилијамсбург во американската сојузна држава Вирџинија до Бруклин во Њујорк, за да го посети нејзиното момче.

Возењето вљубената жена ја чинело 294 долари и траело осум часа.

Роџерс изјави дека жената не барала паузи за тоалет во текот на целото патување. Откако го видела нејзиното момче на кусо, таа со истиот возач се вратила назад во Вирџинија.

– Таа не беше премногу возбудена што ќе го види момчето. Изгледаше уморно и спиеше во текот на целиот пат, раскажал возачот на „Убер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top