Денеска, Реал Мадрид потешко од очекуваното триумфираше на Светското клупско првенство, откако во финалниот дуел со 4-2 славеше победа над јапонскиот тим на Кашима.
„Кралските“ фудбалери со оваа победа ги обединија титулите европски и светски клупски шампион и го освоија 23. трофеј на меѓународна сцена во клупската историја, па така го соборија рекордот на Барселона која има 22. интернационални титули.
Реал, единаесет пати беше шампион на Европа (КЕШ и Лига на шампиони), има три трофеи од Супер Купот, два од Купот на УЕФА, два од Латинскиoт Куп, три од Интернационалните Купа и две од Светското клупско првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.