| четврток, 6 декември 2018 |

Путин и нуди на Турција соработка во борбата против тероризмот

putin

Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за жртвите од нападот во Кајсери.

Путин во телеграмата наведува дека сигурен одговор на таквите напади треба да биде поодлучна борба против екстремистичките групи.

Тој исто така наведе дека Русија е подготвена да ја зголеми соработката со Турција во борбата против тероризмот.

Турските власти денеска приведоа седум лица, а трагаат по уште пет луѓе поврзани со денешниот напад со автомобил-бомба во Кајсери, при што загинаа 13 војници, а 55 луѓе се повредни.

Ердоган за нападот ја обвини Курдска работничка партија (ПКК).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top